Pre-loader

Општи одредби и правила за користење на www.binaj.mk

Политика на приватност

ОПШТИ УСЛОВИ

Сите посетители на веб-страницата www.binaj.mk се согласуваат на следниве услови за користење:

Интернет презентацијата www.binaj.mk, сите нејзини страници и сите прикажани информации имаат исклучиво информативна и едукативна цел. Описите на одделни производи на www.binaj.mk содржат само основни информации од текстот на упатството што е составен дел од материјалот за пакување. Наведените информации не можат да ги заменат информациите содржани во декларацијата за производот и BINAJ 2014 ДОО не може на кој било начин да биде одговорно за употребата на производот спротивно на истото.

BINAJ 2014 ДОО не може да гарантира ажурирање на податоците содржани на страницата, во секој момент на пристап на страницата. Корисниците користат информации од www.binaj.mk на сопствен ризик. BINAJ 2014 ДОО не презема никаква одговорност во врска со кои било хардверски, софтверски или какви било други оштетувања што може да настанат на компјутерската опрема на корисникот за време на употребата на www.binaj.mk.

Сите информации, графички прикази, визуелни и дизајнерски решенија, фотографии, датотеки, прилози и имиња на производи на www.binaj.mk се заштитени како авторски права или како предмети на права на индустриска сопственост. BINAJ 2014 ДОО ќе го третира секое нивно незаконско користење без претходна соодветна согласност како кршење на нејзините права и ќе ги преземе сите законски достапни мерки за санкционирање на лица кои извршиле такво прекршување.

BINAJ 2014 ДОО го задржува правото да менува или отстранува какви било информации или содржини прикажани на www.binaj.mk, во кое било време, по свој избор и без претходно известување;

BINAJ 2014 ДОО го задржува правото на www.binaj.mk да поставува линкови до други веб страници за кои смета дека се соодветни, но не е и не може да биде одговорен за содржината на тие страници, освен доколку не станува збор за веб страници на кои BINAJ 2014 ДОО е носител на правото за користење на веб страницата и активно го користи тоа право;

Информациите содржани на www.binaj.mk можат да се користат за наставни, научни и некомерцијални цели, но со обврска да се наведе потеклото на информациите и BINAJ 2014 ДОО како единствен сопственик. Во случај тоа да не се случи, BINAJ 2014 ДОО го задржува правото да ги преземе сите правни и фактички активности за да се спречи понатамошна дистрибуција на оваа информација и да се побара евентуална штета предизвикана од нивната незаконска употреба;

Секоја информација испратена од посетителите на страницата до BINAJ 2014 ДОО преку Интернет или е-пошта нема да се смета за доверлива информација, дури и доколку испраќачот експлицитно наведе дека информацијата е доверлива, а BINAJ 2014 ДОО го задржува правото информацијата дополнително да ја дистрибуира, користи или вклучи во содржината на својата страница, како и целосно истата да ја игнорира. BINAJ 2014 ДОО во ниту една ситуација нема да побара од посетителите на страницата да му дадат доверливи информации на кој било начин, ниту пак ќе преземе каква било одговорност за последиците што може да се појават поради фактот што посетителите на веб страницата доброволно и самоиницијативно испратиле одредени информации. Од горенаведените ограничувања се исклучуваат информации што имаат карактер на лични податоци, како и информации што имаат алармен карактер, со кои BINAJ 2014 ДОО ќе постапува во согласност со прописите што ги регулираат овие области;

BINAJ 2014 ДОО ја почитува приватноста на посетителите на www.binaj.mk и ќе ги користи информациите добиени преку употреба на www.binaj.mk исклучиво во согласност со важечкиот закон. Посетителите се согласни дека BINAJ 2014 ДОО собира и користи технички податоци за посетите и употребата на веб страницата www.binaj.mk и ги користи истите за внатрешна статистика и анализа во врска со веб-страницата на компанијата. BINAJ 2014 ДОО нема да обезбеди информации за посетителите на трети лица без директно одобрение од посетителот или врз основа на законски пропишани обврски. Покрај тоа, BINAJ 2014 ДОО се обидува да ги заштити информациите за посетителот на начин што спречува пристап до трети лица, но нема да биде одговорен за информациите добиени од трети лица на незаконски начин;

КОГА И КАКО binaj.mk ОТКРИВА ПОДАТОЦИ

Ние (или нашите "Бизнис Провајдери” во наше име) нема да ги споделиме, продаваме или изнајмуваме вашите лични податоци на други лица, освен во некои од случаите кои се предвидени подолу: • Ние можеме да ги споделуваме Вашите податоци со овластени трети лица - Бизнис Провајдери. Овие "трети лица - Бизнис Провајдери” извршуваат функции во наше име, како испраќање и дистрибуција на нашите административни и промотивни пораки. Ние можеме да ги споделуваме Вашите лични податоци со такви провајдери за исполнување на нарачки, доставување пакети, испраќање поштенски или електронски маил, администрирање на натпревари или игри, отстранување на повторувачки податоци за клиентот, анализирање на податоци, давање маркетиншка помош, обезбедување резултати од пребарувања и линкови, работење на вебсајтот, решавање на проблеми или обезбедување на служба за корисници. Ние, исто така, може да собираме лични податоци од поединци и претпријатија со кои имаме бизнис односи и може да ги споделуваме Вашите податоци со Бизнис провајдери со цел да се остварат нашите административни зада •  Ние можеме да ги споделуваме вашите податоци за наша заштита и заштита на други. Ние го задржуваме правото да ги откриеме Вашите лични податоци ако тоа се бара со закон и кога веруваме дека откривањето е неопходно да ги заштитиме нашите права и / или во согласност со судска постапка, судски налог, или правен процес во врска со нашата веб страница • Ние може да откриваме или споделуваме Не-лични податоци со бизнис соработниците, и огласувачите. На пример, може да споделиме агрегирани демографски податоци (во кои не спаѓаат лични податоци), со "Огласувачи" или "Маркетинг компании"

КАКО BINAJ 2014 ГИ СОБИРА ПОДАТОЦИТЕ

Вие ни ги оставате Вашите податоци кога се регистрирате, зачленувате, креирате профил или на било кој начин имате интеракција со нашиот сајт. Исто така собираме податоци и кога не контактирате онлајн преку електронска пошта за корисничка поддршка и кога оставате коментари во онлајн заедниците за коментирање и споделување мислења. Покрај тоа собираме податоци и од други извори и на други начини со цел да го подобриме искуството и да ги оствариме маркетинг целите. Еден таков начин на собирање податоци е преку Колачиња (анг. Cookies). За да се олесни и прилагоди вашето искуство со веб-страница, ние зачувуваме cookies на вашиот компјутер. Колаче е мал текстуален податок кој е складиран на компјутерот на корисникот за целите за чување на податоци кои содржат податоци за тој корисник. Ние користиме колачиња додека ја користитете нашата веб страница со цел да ви заштедиме време и да ги следиме интересите на целните корисници за да обезбедиме специјално-прилагодено искуство. Колачињата, исто така, овозможуваат да се соберат не-лични податоци од Вас, како што се страници кои сте ги посетиле и линкови кои сте ги кликнале. Повеќето пребарувачи автоматски прифаќаат колачиња, но вие можете да ги промените подесувањата на Вашиот пребарувач, за да одбиете зачувување на колачиња. За повеќе информации прочитајте ја целата Политика на колачиња. Други помагала за следење. Ние може да користиме други стандардни технологии како пиксел тагови за да ја следиме Вашата употреба на нашите веб-страници и промоции, или може да им овозможиме на нашите Бизнис провајдери да ги користат овие уреди во наше име. Pixel тагови се мали графички слики поставени на некои страни од нашиот веб-сајт, или во нашите е-пораки кои ни овозможуваат да одредиме дали сте извршиле одредена акција. Кога ќе пристапите до овие страници или ја отворите вашата е-пошта, пиксел таговите генерираат не-лични податоци за таа акција. Податоци од паметни уреди користиме кога вашиот уред има интеракција со нашиот сајт или апликацијата и кога не сте логирани на нашиот сајт. Ако имате прашања околу безбедноста и политиката за заштита на лични податоци на Вашиот мобилен уред, ве молиме обратете се за информации и инструкции кај Вашиот мобилен оператор или продавач или производител на уредот за да научите како да ги подесувате овие активности.

СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ

Сајтот може да биде пристапен или да содржи делови каде што можете јавно да споделите информации, да комуницирате со други лица, како што се форуми за дискусија или блогови. Овие информации може да биде достапни на други корисници и компании и може да се појавуваат на други интернет страници или веб пребарувања и затоа овие податоци може да се читаат, собираат и користат од страна на други лица. На пример, ако ја објавите вашата е-маил адреса заедно со вашето мислење за некој ресторан како коментар, може да добиете несакани пораки поради злоупотреба на Вашата адреса од трети лица. Ние немаме контрола над тоа кој го чита вашиот пост или она што другите корисници можат да го сторат со податоците што ви се доброволно изложени, па затоа Ве молиме да бидете претпазливи при објавувањето на било какви лични податоци. Ние имаме согласност од нашите корисници да го објавуваме нивното име или корисничко име, заедно со нивната критика или коментар. Поврзување преку социјални мрежи (Facebook, Twitter, Google Plus)  BINAJ 2014 им дава можност на корисниците на социјални мрежи да имаат интеракција со пријателите и да споделуваат информации на своите профили на социјалните мрежи.

КОНТАКТ ВО ВРСКА СО ПОЛИТИКАТА ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ

Ве молиме контактирајте не ако имате било какви прашања во врска со нашата Политика за заштита на лични податоци. Можете да не контактирате онлајн на info@binaj.mk или може да ни испратите пошта на следната адреса: • BINAJ 2014 ДОО • Ознака: Политика на приватност  • Лабуништа 6336, Струга, Северна Македонија